ЛИГА ЕВРОПА: Миовски и Ренџерс убедливо поразени од Бран, Црвена Звезда „потопена“ од Брага (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и неговиот Глазгов Ренџерс доживеаја дебакл на гостувањето против норвешки Бран во 3. коло од Лигата на Европа.

Ренџерс загубија со убедливи 3-0 во натпревар во кој Миовски ги одигра последните 30 минути на средбата. Македонскиот напаѓач во игра влезе во 64. минута од средбата при водство од веќе 2-0 за домашните кои до крајот постигнаа уште еден погодок за триумф со три гола разлика.

Португалска Брага, пак, со 2-0 славеше против белградска Црвена Звезда, а во дербито на ова коло Фенербахче славеше со 1-0 против Штутгарт.

Победничкиот гол за турскиот тим го постигна Актуркоглу од пенал во 34. минута.

ЛИГА ЕВРОПА – 3. КОЛО

Брага – Црвена Звезда 2-0

Бран – Глазгов Ренџерс 3-0

ФЦСБ – Болоња 1-2

Фенербахче – Штутгарт 1-0

Г.А. Иглс – Астон Вила 2-1

Генк – Бетис 0-0

Лион – Базел 2-0

Салцбург – Ференцварош 2-3

Се вчитува...