ЛИГА ЕВРОПА: Наполи, по влегувањето на Елмас, од негатива од два гола до реми со Лестер (ВИДЕО)

Наполи успеа да се извлече од пораз во самиот финиш на гостувањето против Лестер во 1. коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Иако наполитанците имаа негатива од 0-2, со два гола на Осимхен во 69. и во 87. минута стигнаа до конечни 2-2.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 64. минута по што следеше далеку поквалитетна игра на Наполи и извлекување реми од гостувањето во Англија. Елмас ја поведе и акцијата за првиот погодок на италијанскиот тим.

ЛИГА ЕВРОПА – 1. КОЛО

ГРУПА А

Глазгов Ренџерс – Лион 0-2, Брондби – Спарта Прага 0-0

ГРУПА Б

Монако – Штурм 1-0, ПСВ – Реал Сосиедад 2-2

ГРУПА Ц

Лестер – Наполи 2-2, Легија – Спартак 1-0

ГРУПА Д

Ајнтрахт Франкфурт – Фенербахче 1-1, Олимпијакос – Антверпен 2-1

Се вчитува...