ЛИГА ЕВРОПА: Неверојатна ситуација во Рим – Голманот на Лил трипати одбрани повторуван пенал! (ВИДЕО)

Лил триумфираше со 0-1 на гостувањето против Рома на „Олимпико“ во најинтересниот натпревар од попладневните натпревари во 2. коло од Лигата на Европа.

Мечот го одбележа повеќе од интересната ситуација во финишот од мечот кога домашните фудбалери трипати шутираа пенал, но сите три пати беше одбранет од гостинскиот голман Берке Озер.

Во 83. минута, беше досуден пенал за Рома. Озер го одбрани првиот шут на Довбик, но по реакција на ВАР пеналот мораше да се прешутира затоа што голманот на Лил ја напушти гол-линијата при одбраната. И повторениот обид Довбик не го реализираше, но под иста ситуација главниот судија повторно досуди дека пеналот ќе мора повторно да се изведе.

Во третиот обид Суле шутираше за Рома, но Озер го одбрани и неговиот шут од 11 метри, на тој начин носејќи победа за својот тим.

Roma awarded penalty. The Penalty had to be retaken twice. Lille goalkeeper Berke Özer saved all 3 attempts
byu/RidgeRunner99 insoccer

Претходно, Лил дојде до предност со голот на Харалдсон уште во 6. минута од средбата.

ЛИГА ЕВРОПА – 2. КОЛО

Рома – Лил 0-1

Болоња – Фрајбург 1-1

Бран – Утрехт 1-0

Селтик – Брага 0-2

ФЦСБ – Јанг Бојс 0-2

Фенербахче – Ница 2-1

Лудогорец – Бетис 0-2

Панатинаикос – Г.А Иглс 1-2

Викторија Плзен – Малме 3-0

Се вчитува...