Динамо Загреб изби на чело на табелата во Групата К од Лигата на Европа, откако во 3. коло славеше со 1-0 против австриски Волфсбергер.
Атиемвен со прекрасен гол во 76. минута донесе триумф за Динамо Загреб во чии редови од првата минута со капитенската лента на раката настапи и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.
Милан неочекувано убедливо загуби со 0-3 од Лил. Турчинот Јусуф Јазичи постигна хет-трик за триумф на францускиот тим.
Победа запиша и Црвена Звезда од 2-1 против Гент. Канга во првото полувреме ги доведе белграѓани во водство, Офое израмни за Белгијците, а Катаи во 59. минута ја донесе победата за Црвена Звезда.
ЛИГА ЕВРОПА (3. коло)
ГРУПА А
Рома – Клуж 5-0
Јанг Бојс – ЦСКА Софија 3-0
ГРУПА Б
Рапид Виена – Дандалк 4-3
Арсенал – Молде 4-1
ГРУПА Г
Зорја – АЕК 1-4
Лестер – Брага 4-0
ГРУПА Х
Милан – Лил 0-3
Селтик – Спарта Прага 1-4
ГРУПА Ј
Лудогорец – Тотенхем 1-3
Антверпен – ЛАСК 0-1
ГРУПА К
Динамо Загреб – Волфсбергер 1-0
Феенорд – ЦСКА Москва 3-1
ГРУПА Л
Хофенхајм – Либерец 5-0
Ц. Звезда – Гент 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА