Гарначо по само 49 секунди погоди за предност од 1-0, но потоа Евјен и Зинкернагел постигнаа два гола за целосен пресврт на Бодо (2-1).
Расмус Хојлунд на истекот на регуларните 45 минути ја затресе мрежата на гостите за 2-2, а потоа на почетокот на вториот дел го постигна својот втор гол за пресврт (3-2). Расмус на тој начин го „спаси“ Рубен од бламажа и во новиот меч по доаѓањето на клупата на Манчестер јунајтед.
Рома ремизираше на гостувањето против Тотенхем, а Брага славеше убедливо со 3-0 против Хофенхајм.
На останатите дуели вечерва ФЦСБ и Олимпијакос ремизираа без голови, Ференцварош славеше со Малме 4-1, Ајнтрахт Франкфурт со 1-2 на гости го победи Митјиланд, а Ренџер на гости со 1-4 ја победи Ница. Реал Сосиедад славеше против Ајакс со 2-0, Фенербахче ја победи Славија во Прага со 1-2, а Твенте беше подобар од Ројал Унион со 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА