ЛИГА ЕВРОПА: Рома го посрамоти Селтик, убедлив Фенербахче, неверојатна драма во Букурешт (ВИДЕО)

Рома убедливо со 0-3 славеше на гостувањето против Селтик во 6. коло од Лигата на Европа.

„Волчицата“ триумфираше во Шкотска со три гола уште во првото полувреме.

Гостите најпрво уште во 6. минута поведоа со голот на Скејлс, а потоа Фергусон постигна два гола за 0-3 веќе по првите 45 минути.

Убедлива победа од 0-4 на гостувањето против норвешки Бран забележа и Фенербахче, а Лион изби на врвот од табелата откако со 2-1 пред своите навивачи славеше против Го Ахед Иглс.

Романски ФЦСБ со неверојатен пресврт и гол во последната минута со 4-3 го победи Феенорд, а Порто со 2-1 славеше против Малме.

Се вчитува...