ЛИГА ЕВРОПА: Рома и Лацио со голови во судиско продолжение до победи, Бодо Глимт го „здроби“ Олимпијакос

Рома и Лацио со голови во судиското продолжение забележаа победа од 2-1 во првите натпревари од осминафиналето во Лигата на Европа.

Рома триумфираше против Атлетик Билбао со 2-1 благодарение на голот на Шомуродов во 94. минута.

Исаксен, пак, со погодок во 98. минута донесе победа за Лацио од 1-2 на гостувањето против Викторија Плзен.

Ајнтрахт Франкфурт, исто така, со сериозна предност ќе го очекува реваншот во желбата за четвртфинале откако на гости го победи Ајакс со 1-2.

Најубедливата победа ја запиша норвешки Бодо Глимт кој со 3-о го „здроби“ Олимпијакос и со една нога е во четвртфиналето од Лигата на Европа.

Се вчитува...