Рома не успеа да слави против Атлетик Билбао на стартот од новата сезона во Лигата на Европа, ремизирајќи (1-1) во Рим.
„Волчицата“ поведе против Атлетик Билбао со 1-0 благодарение на голот на Довбик во 32. минута од средбата. Но, Паредес во 85. минута успеа да донесе бод за гостите од Шпанија.
Roma [1] – 0 Athletic Bilbao – Artem Dovbyk 32′
byu/Ser_Claudor insoccer
Ајакс целосно го демолираше составот на Бешикташ победувајќи со 4-0. Крајно возбудливо беше во Франкфурт каде Ајнтрахт се до последните пет минути имаше водство од 3-1 против Викторија Плзен но гостите од Чешка со головите на Аду и Јемелка во 86. и во 93.минута дојде до 3-3.
ФЦСБ од Букурешт ја победи РФС од Рига со 4-1, Лион славеше против Олимпијакос со 2-0, а Брага на домашен терен со неверојатен пресврт и два гола на Брума во 88.минута и во 95.минута од пенал дојде до победа од 2-1 против Макаби Тел Авив.
Натпреварот Тонтенхем и Карабах во Лондон стартуваше со задоцнување од половина часа, затоа што гостите од Азербејџан поради гужви во сообраќајот во главниот град на Англија не успеале на време да пристигнат на мечот.
Интересно, Тотенхем остана со играч помалку откако Драгушин уште во 8. минута доби директен црвен картон. Но, тоа не ги спречи Англичаните да дојдат до предност откако Џонсон во 12. минута постигна гол за 1-0.
Тотенхем, иако квантитативно послаб, тука не застана постигнувајќи и втор гол во 53. минута за 2-0, а преку Соланке во 69.минута и за 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА