ЛИГА ЕВРОПА: Рома конечно победи, Ајакс, Ајнтрахт и Мидтјиланд на врвот

Рома ја запиша првата победа во Лигата на Европа сезонава триумфирајќи со 1-0 против Динамо Киев, а Ајакс, Ајнтрахт Франкфурт и Мидтјиланд се издвоија на врвот на табелата со по седум бода по денешните победи во 3. коло.

Рома дојде до трите бода благодарение на погодокот на Украинецот Довбик од пенал во 23. минута од средбата.

Ајакс, пак, убедливо со 0-3 триумфираше на гостувањето против Карабах, а Ајнтрахт Франкфурт потешко од очекувањата победи со летонски РФС Рига минимално со голот на Ларсон во 79.минута од натпреварот.

ЛИГА ЕВРОПА – 3. КОЛО

Рома – Динамо Киев 1-0

Ајнтрахт Ф. – РФС 1-0

Ференцварош – Ница 1-0

Макаби Тел Авив – Реал Сосиедад 1-2

Мидтјиланд – Ројал Унион 1-0

ПАОК – Викторија Плзен 2-2

Карабах – Ајакс 0-3

Се вчитува...