Севилја стекна предност од два гола против Динамо Загреб во првиот шестнаестфинален натпревар од Лига Европа откако на домашен терен славеше со 3-1. Ракитиќ го донесе шпанскиот клуб во предност преку пенал во 16. минута, а Оршиќ на асистенција на Ристовски донесе изнедначување во 41. минута.
Сепак хрватскиот состав не успеа на полувремето да замине со само еден примен гол бидејќи Севилја преку Окампос и Марсијал во 44. минута и првата минута од судиското продолжение стигна до посакуваната предност.
Стефан Ристовски одигра 76. минути на денешната средба, додека капитенот на „модрите“, Аријан Адеми беше на теренот од првата до последната минута.
Во останатите натпревари Аталанта славеше со 2-1 против Олимпијакос, со идентичен резултат Порто го доби Лацио, додека Лајпциг и Реал Сосиедад ремизираа со 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА