Шахтјор Доњецк и Копенхаген се првите четвртфиналисти во Лигата на Европа, откако дојдоа до посакувани резултати на денешните реванши против Волфсбург, односно Башакшехир.
Шахтјор го совлада Волфсбург со 4-0, втор триумф на украинскиот првак во овој двомеч по оние 1-2 на првиот дуел во Германија. Изненадувачки, мрежите мируваа се до 89. минута, кога Мораеш одлично се снајде и со прецизен удар од десетина метри го матираше голманот на Волфсбург. На 2-0 во судиското продолжение зголеми Соломон, а конечните 3-0 со својот втор гол ги постави Мораеш. Многу работа имаше главниот судија, кој покажа два црвени картони, најпрвин исклучувајќи го домашниот дефанзивец Хокалава во 68. минута, а само две минути подоцна го испрати на „ладење“ и Брукс од Волфсбург.
Копенхаген влезе во вечерашниот реванш со негатива од 0-1 од Истанбул, но данскиот состав одигра одличен меч, славеше со 3-0 и си обезбеди влез во четвртфиналето каде речиси сигурно ќе се сретне со Манчестер Јунајтед. Винд го отвори резултатот веќе во 4. минута, а истиот играч зголеми на 2-0 од пенал во седмата минута од второто полувреме. Турскиот клуб реши целосно да ја отвори играта, но остави премногу простор во својата дефанзивна линија, па Фалк со прекрасен удар од дваесетина метри ја запечати победата на Копенхаген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА