Вилјареал по голема драма и пенал-рулет славеше против Манчестер јунајтед во финалето на Лигата на Европа кое се играше во Гдањск.
За Вилјареал ова е најголем резултат во историјата на клубот, но само еден човек синоќа ги собори сите рекорди. Тренерот на шпанскиот тим, Унаи Емери дојде до четвртиот трофеј во Лигата на Европа како тренер, што е навистина неверојатен потфат.
Емери претходно имаше неверојатна низа со Севилја со која стигна до титулите во второто по квалитет европско клупско натпреварување во 2014, 2015 и во 2016 година. Во 2019 година, пак, можеше да дојде до уште еден трофеј но со Арсенал беше запрен во финалето од Челси. А, сега следи трофејот со Вилјареал.
„Ова е навистина за уживање. Ова ми е најдрагиот трофеј, затоа што никој тоа не го очекуваше од нас. Не отпишуваа од старт“ – истакна Емери.
? 2020-21: Villarreal
? 2018-19: Arsenal
? 2015-16: Sevilla
? 2014-15: Sevilla
? 2013-14: SevillaUnai Emery loves the #UEL
?⚽️ Subscribe to the Football Daily for more reaction: https://t.co/bWZDTnoe1r#bbcfootball #VILMUN pic.twitter.com/pCxQ5v6eg4
— BBC 5 Live Sport (@5liveSport) May 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА