Тотенхем, Андерлехт и Лацио се со максимален ефект по две кола во Лигата на Европа, откако вечерва славеаа против Ференцварош, Реал Сосиедад и Ница.
Тотенхем триумфираше со 1-2 на гостувањето против Ференцварош. Сар ги донесе Англичаните во 23. минута до предност од 0-1, а потоа Џонсон во 86. минута зголеми и на 0-2. Ференцварош со голот на Варга во 90.минута само го ублажи поразот.
Лацио убедливо со 4-1 триумфираше против Ница. Педро, Кастеланос со два гола и Закањи се најзаслужните за победата на „лацијалите“.
Андерлехт, пак, со 1-2 го победи Реал Сосиедад на гости. Белгијците со два гола уште во првото полувреме го одлучија победникот.
ЛИГА ЕВРОПА – 2. КОЛО
Ференцварош – Тотенхем 1-2
Хофенхам – Динамо Киев 2-0
Лацио – Ница 4-1
Макаби – Митјиланд 0-2
Олимпијакос – Брага 3-0
Карабах – Малме 1-2
Реал Сосиедад – Андерлехт 1-2
Рига РФС – Галатасарај 2-2
Славија Прага – Ајакс 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА