ЛИГА ЕВРОПА: Ц. Звезда не успеа да дојде до Топ 8, но Рома со реми во Атина се избори за осминафинале

Црвена Звезда не успеа да се избори за Топ 8 на крајот од лигашкиот дел во Лигата на Европа и директно место во осминафиналето, откако ремизираше (1-1) во последното коло со Селта пред своите навивачи во Белград.

Селта беше подобар тим на теренот, доаѓајќи до предност од 0-1 со голот на Лопез во 87. минута, но Бруно Дуарте во 89. минута израмни за конечни 1-1.

На крајот, Црвена Звезда ќе мора да игра во 1/16-финалниот плеј-оф во битката за место во осминафиналето во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Во 1/16-финалниот плеј-оф ќе игра и Динамо Загреб и покрај вечерашниот пораз од дански Митјиланд од 2-0.

Бојан Миовски и Ренџер со пораз од Порто (3-1) го завршија годинашниот настап во Лигата на Европа. Миовски настапи од 58.минута на дуелот во Португалија, но без можност да го спаси својот тим од пораз.

Рома е последниот тим кој се избори за Топ 8, откако ремизираше на гостувањето против Панатинаикос. Зиолковски со гол во 80. минута донесе 1-1 за „волчицата“ и бод за осминафинале во Лигата на Европа.

Се вчитува...