Црвена Звезда дојде и до третата победа сезонава во лигашкиот дел од Лигата на Европа, триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Штурм во Австрија.
Капитенот Мирко Иваниќ ги доведе црвено-белите во водство во 55. минута од натпреварот. Tој го следеше добриот центаршут на Тими Макс Елшник од корнер и постигна гол со глава за 1-0.
Тоа беше првиот гол за Иваниќ оваа сезона во лигашкиот дел од Лигата на Европа.
Динамо Загреб, пак, го запиша и третиот свој пораз, овој пат со 1-3 од Бетис пред своите навивачи на „Максимир“.
Лудогорец и ПАОК одиграа интересен натпревар во Бугарија кој заврши без победник (3-3), а дански Митјиланд ја задржа лидерската позиција по победата над Генк од 1-0.
Нотингем Форест славеше на гостувањето против Утрехт со 1-2, а Јанг Бојс го победи Лил со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

