ЛИГА ЕВРОПА: Црвена Звезда конечно победи, Динамо Загреб убедливо поразен на „Максимир“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена Звезда ја запишаа првата победа во Лигата на Европа, триумфирајќи со 1-0 против Лил во четвртата рунда натпревари.

Победничкиот гол за црвено-белите го донесе Арнаутовиќ од пенал во 85. минута од средбата.

Динамо Загреб, пак, го доживеа првиот пораз и тоа убедливо со 0-3 од шпанска Селта на „Максимир“. Шпанците сите три гола ги постигнаа во првото полувреме.

Митјиланд продолжува со максималниот ефект, четири победи од исто толку натпревари, триумфирајќи со 3-1 против Селтик.

Базел го победи романски ФЦСБ со убедливи 3-1.

РЕЗУЛТАТИ – 4. КОЛО

Базел – ФЦСБ 3-1

Црвена Звезда – Лил 1-0

Динамо Загреб – Селта 0-3

Малме – Панатинаикос 0-1

Митјиланд – Селтик 3-1

Ница – Фрајбург 1-3

Салцбург – ГА Иглс 2-0

Штурм – Нотингем Форест 0-0

Утрехт – Порто 1-1

Се вчитува...