Неверојатен меч во Порто во 2. коло од Лигата на Европа кој, низ два пресврти меѓу домаќинотПорто и Манчестер јунајтед, на крај заврши без победник (3-3).
„Црвените ѓаволи“ имаа предност од 0-2 по само 20 минути игра, со головите на Рашфорд во 7. минута и на Хојлунд во 20. минута, но потоа следеше целосен потоп на составот на Тен Хаг.
Најпрво Пепе намали на 1-2 во 27. минута, па Саму Омородион израмни во 34. минута, и на крај Саму со својот втор гол ја донесе победата за Португалците.
Сепак, Јунајтед успеа да се спаси барем од пораз со голот на Хари Мегваер во 91. минута од средбата.
Ајнтрахт Франкфурт со убедливи 1-3 го победи Бешикташ во Истанбул, а Рома со 1-0 загуби на гостувањето од Елфсборг.
ЛИГА ЕВРОПА – 2. КОЛО
Атлетик Билбао – АЗ Алкмар 2-0
Бешикташ – Ајнтрахт Ф. 1-3
Елфсборг – Рома 1-0
ПАОК – ФЦСБ 0-1
Порто – Манчестер ј. 3-2
Глазгов Ренџерс – Лион 1-4
Ројал Унион – Бодо Глимт 0-0
Твенте – Фенербахче 1-1
Викторија Плзен – Лудогорец 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА