Лига Куп: Брајтон го потопи Арсенал, Нотингем Форест го елиминираше Тотенхем

Брајтон го приреди најголемото изненадување во 1/16 финалето од англискиот Лига Куп откако славеше на гостувањето кај Арсенал со 1-3. „Топџиите“ поведоа преку Нкетија во 20. минута, но Велбек, Митома и Лемпти донесоа пресврт и голема победа вредна пласман во следната фаза.

Во следната фаза нема да се најде ниту фаворизираниот Тотенхем кој загуби на гостувањето кај Нотингем Форест со 2-0. Лоди и Лингард беа стрелците за „шумарите“.

Покрај Брајтон и Нотингем Форест во следната фаза се пласираше и Вулверхемптон кој славеше со минимани 1-0 против Лидс.

Се вчитува...