Лига Куп: Манчестер Сити подобар од Челси, пенал рулетот среќен за Ливерпул

Манчестер Сити го доби дербито на 1/16 финалето од англискиот Лига Куп откако славеше со 2-0 против Челси. Во суперинтересниот натпревар „сините“ на моменти беа и подобар противник, но не успеаја да ги искористат своите шанси, а истото им беше од рака на Марез и Алварез кои стрелаа во 53. и 58. минута.

Во следната фаза се пласираше и Ливерпул кој потешко од очекувањата го совлада Дерби Каунти. Откако мрежите мируваа во регуларниот дел од натпреварот патникот во следната фаза го одлучи пенал рулетот во кој пресудија одбраните на Келехер.

Пенал рулетот му осигура и место во следната фаза на Њукасл кој славеше против против Кристал Палас, Саутемптон кој славеше против Шефилд Вендсдеј и Влекбурн кој го елимиираше Вест Хем.

Се вчитува...