Лига Куп: Минамино трагичар – Ливерпул не успеа да ја искористи глупоста на Џака (ВИДЕО)

Ливерпул и Арсенал ремизираа без голови во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во англискиот Лига Куп. „Црвените“ имаа играч повеќе на теренот уште од 24. минута по катастрофалниот прекршок на Гранит Џака, но не успеаја да постигнат гол во мрежата на Рамсдејл.

Трагичар за домашниот состав беше Минамино кој имаше одлична шанса да донесе водство за својот тим во 90. минута кога по одбивање топката стигна до неговите нозе во шестнаесетникот, но наместо да ја постигне гол стрелаше високо над истиот.

Вториот натпревар од полуфиналето ќе биде одигран за седум дена во Лондон.

Црвениот картон на Гарнит Џака можете да го видите ТУКА.

Промашувањето на Минамино во 90. минута ТУКА.

Се вчитува...