Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат со катастрофалната серија на резултати откако вечерва доживеаја елиминација и во англискиот Лига куп. Повторно подобар од „црвените“ веќе третпат годинава беше Кристал Палас со 0-2.
Гостите сите дилеми околу победникот ги решија во само четири минути кон крајот на првото полувреме со двата гола на Ишмаила Сар. Од вториот дел за издвојување е и црвениот картон на младиот фудбалер на домаќините Амаро Нало во 79. минута, како и голот за конечни 0-3 на Пино во 87. минута.
Amara Nallo (Liverpool) straight red card against Crystal Palace 79'
byu/BackgroundMorning630 insoccer
Пласман во четвртфиналето обезбедија Манчестер сити кој славеше над Свонси со 1-3, Арсенал кој беше подобар од Брајтон со 2-0 и Челси кој го совлада Вулверхемптон со 2-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

