Фудбалерите на Ливерпул се вистински кам-бек кралеви сезонава откако тимот на Јирген Клоп стигна до нова пресврт победа откако вечерва славеше во Лига купот против Лестер со 3-1.
Гостите по првото полувреме имаа предност од о-1 со погодокот на Мекатер во 3. минута. На 1-1 израмни Гакпо во 48. минута. Водство од 2-1 донесе Собослаи во 70. минута, додека конечните 3-1 ги постави Диого Жота во 89. минута.
Liverpool [2] – 1 Leicester City – Dominik Szoboszlai 70'
byu/MarcoRuss insoccer
Конечно и Челси успеа да стигне до триумф сезонава. Избраниците на Маурисио Покетино беа подобри од Брајтон со минимални 1-0. Голот вреден победа го постигна Џексон во 51. минута.
Победа од 0-1 забележа и Арсенал на гостувањето кај Брентфорд. Стрелец за „топчиите“ беше Нелсон во 8. минута.
РЕЗУЛТАТИ ЛИГА КУП:
Астон Вила – Евертон 1-2
Блекбурн – Кардиф 5-2
Бормут – Стоук 2-0
Брентфорд – Арсенал 0-1
Челси – Брајтон 1-0
Фулам – Норич 2-1
Линколн – Вест Хем 0-1
Ливерпул – Лестер 3-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

