ЛИГА НА ЕВРОПА: Селта го замолкна Лион, Фрајбург ја „збриша“ Сигма, продолженија во Данска

Екипата на Селта Виго со играч повеќе успеа да ја елиминира екипата на Лион и тоа на негов терен со 0-2. Од 19. минута од средбата, домашните добија црвен картон откако беше исклучен Никате.

Тоа го искористи тимот од Виго во вториот дел и со головите на Руеда и на Жутгла триумфираше и така обезбеди пласман во 1/4 финалето. На крајот Лион остана и со двајца играчи помалку, откако исклучување заработи Таљафико. Првиот меч заврши без победник 1-1.

Фрајбург со 5-1 го победи тимот на Генк, и така со вкупни 5-2 го елиминираше белгискиот тим. Гинтер и Матановиќ донесоа 2-0 за 25 минути. Сметс во 39. минута намали, а потоа Грифо, Сузуки и Егештајн ја донесоа убедливата победа.

Во Данска, Митјиланд загуби со 1-2 од Нотингем Форест, и по победата на Данците од 0-1 во првиот меч, ќе се играат продолженија.

Се вчитува...