Исланд доживеа вистински дебакл доживувајќи пораз од Швајцарија во Сент Гален од убедливи 6-0 во мечот од Групата 2 во А Лигата на нации.
Швајцарците ги посрамотија Исланѓаните со шест погодоци, два во првото и четири во второто полувреме. Домашните отворија со головите на Зубер во 13. минута и Закарија во 23. минута.
Во второто полувреме стрелаа уште, Џердан Шаќири во 53. минута, Сеферовиќ во 67. минута, Ајети во 71. минута и Адмир Мехмеди во 82. минута.
Во Ц лигата Финска славеше против Унгарија со 1-0 благодарение на погодокот на Пуки уште во 7. минута, додека во Д лигата, Белорусија сосема очекувано со 5-0 го победи Сан Марино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА