Репрезентацијата на Шпанија се спаси од пораз на гостувањето против Германија во 96. минута на стартот од новата сезона во А лигата од УЕФА Лигата на нациите.
„Фуријата“ успеа да дојде до реми (1-1) со погодокот на дефанзивецот на Валенсија, Хозе Гаја во 96. минута. Претходно, Германците поведоа со погодокот на Тимо Вернер во 51. минута од средбата…
Timo Werner’s goal tonight against Spain. pic.twitter.com/Ouohum4kvG
— ✈️ (@Arrizabalager) September 3, 2020
Во Б лигата, пак, во Групата 3, селекцијата на Русија убедливо со 3-1 славеше против Србија. Џјуба со два погодоци и Караваев беа стрелци на погодоците за Русите.
Russia & Zenit fullback Karavaev will remember this for a while. Stunning strike for his first international goal ??? #RUSSRB #NationsLeague pic.twitter.com/BFeGjAOngW
— Sacha Pisani (@Sachk0) September 3, 2020
Митровиќ беше стрелец на почесниот погодок за Србите.
ЛИГА НА НАЦИИ (1. коло)
ЛИГА А – Група 4
Германија – Шпанија 1-1
Украина – Швајцарија 2-1
ЛИГА Б – Група 3
Русија – Србија 3-1
Турција – Унгарија 0-1
Група 4
Бугарија – Ирска 1-1
Финска – Велс 0-1
ЛИГА Ц – Група 3
Молдавија – Косово 1-1
Словенија – Грција 0-0
ЛИГА Д – Група 1
Летонија – Андора 0-0
Ф. Острови – Малта 3-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА