Лига на Нации: Гризман ја нокаутираше Германија, нова радост на Гибралтар

Јоаким Лев е уште поблизу до отказ од функцијата селектор на Германија откако поранешниот светски шампион претрпе нов пораз во Лигата на Нации, овојпат со 2-1 на гостувањето против Франција. Германците се прикажаа во нешто подобро светло отколку при поразот од Холандија, дури и по првите 45 минути имаа предност од 0-1, но во вториот дел за нив кобен се покажа Антоан Гризман. Асот на Атлетико Мадрид најпрвин со прецизен удар со глава го матираше Мануел Нојер за израмнување, за во 80. минута од пенал да погоди за 2-1, по стартот на Хумелс над Матуиди.

Гибралтар продолжува да испишува историја откако оваа селекција по сензационалниот триумф во Ереван успеа да врзе две победи во низа, овојпат славејќи со 2-1 над Лихтенштајн. Гостите по првиот дел имаа водство преку Салановиќ, но за само пет минути Кабрера и Чиполина донесоа пресврт за огромен триумф на аутсајдерот во нашата група.

Резултати: 

ЛИГА А: Франција – Германија 2-1.

ЛИГА Б: Р. Ирска – Велс 0-1, Украина – Чешка 1-0.

ЛИГА Ц: Норвешка – Бугарија 1-0, Словенија – Кипар 1-1.

ЛИГА Д: Ерменија – Македонија 4-0, Казахстан – Андора 4-0, Летонија – Грузија 0-3, Гибралтар – Лихтенштајн 2-1.

Се вчитува...