ЛИГА НА НАЦИИ: Грузија ја понижи Чешка, Англија рутински со Р. Ирска (ВИДЕО)

Грузијците веројатно стигнаа до најголемата победа во историјата на оваа земја откако денеска во воведното коло од новото издание на Лигата на нации на убедлив начин славеа над репрезентацијата на Чешка со 4-1.

Квараскелија од пенал во 33. минута донесе водство за домаќините од 1-0. Од 53. до 66. минута Грузијците постигнаа три гола преку Чакветадзе, Микаутадзе и Кочорошвали стигнаа до огромни 4-0. Калвач во 80. минута успеа само да го намали срамот на Чесите постигнувајќи го голот за конечни 4-1.

Georgia [4] – 0 Czech Republic – Giorgi Kochorashvili 66'
byu/etclassico insoccer

Англија стигна до рутинска победа на гостувањето кај Република Ирска од 0-2. Стрелци на головите за Англија беа Деклан Рајс во 11. и Џек Грилиш во 26. минута од натпреварот. Во псоледниот меч во понудата од 18 часот Молдавија на домашен терен славеше над Малта со 2-0.

Ireland 0 – [2] England – Jack Grealish 26‎'‎
byu/diogovin insoccer

Се вчитува...