Лига на Нации: Хоселу во 88. минута и донесе финале на Шпанија

Шпанија се пласираше во финалето од Лигата на Нации откако го доби полуфиналниот меч против Италија со 2-1 благодарение на голот на Хоселу во 88. минута од натпреварот.

Натпреварот го отвори Пино со гол уште во третата минута по киксот на Бонучи, но славејето на Шпанците траеше само до 11. минута кога од белата точка реализираше Имобиле. Овој резултат остана на семафорот до последните минути од регуларниот дел кога Хоселу одлично се снајде во шестнаесетникот по големата гужва.

Во големото финале Шпанија силите ќе си ги одмери со Хрватска, додека во натпреварот за третото место ќе се сретнат Холандија и Италија.

Се вчитува...