ЛИГА НА НАЦИИ: Италија по продолжување на серијата или Шпанија по одмазда за поразот на ЕВРО 2020

Италија и Шпанија вечерва ќе се сретнат во првиот полуфинален натпревар од Лигата на нации. Ќе гледаме реприза на полуфиналниот дуел од Европското првенство во кое Италијанците по изведување на пенали успеаја да ја прескокнат „црвената-фурија“ и на крајот да стигнат и до титулата на стариот континент.

„Аѕурите“ ќе ја имаат предноста на завршниот турнир бидејќи тој се игра на „Сан сиро“ во Милано.

„Имаме неколку проблеми во нападот каде ќе ни недостигаат Чиро Имобиле и Андреа Белоти. Ќе се обидеме да ги замениме со Распадори и Кеан. Шпанија против нас на ЕВРО го одигра својот најдобар натпревар. Ни предизвикаа големи проблеми. На крајот како и на ЕВРО така и денеска нијанси ќе го одлучат победникот“, изјави Манчини. 

„Неверојатно е чувството што се вратив во Италија. Имав прекрасни мигови поминати како тренер на Рома. Ја сакам храната, кафето, јазикот, сонцето од Рим па насекаде во Италија. Мислам дека нашите две земји се многу слични. Мојот план секогаш од старт да почнеме максимално и да се обидеме да дадеме најмногу од себе“, изјави Енрике. 

Натпреварот кој ќе се игра на „Сан сиро“ во Милано е закажан за вечерва во 20.45 часот.

Се вчитува...