Лига на нации: Италија се спасуваше од пораз од Полска, победи на Русија и Србија

Италија во последниот период од играта се спасуваше од пораз од Полска во првиот свој натпревар на стартот од најсилната лига А во Лигата на нациите.

На дуелот во Болоња, Полска поведе во 40. минута со голот на Зјелински а Италијанците израмнија преку Жоржињо од пенал во 78. минута…


Во Лигата Б, Русија славеше на гостувањето против Турција со 1-2, со погодоците на Черишев и Ѕјуба.

Во Лигата Ц, Албанија на домашен терен го победи Израел со 1-0…

Србија, пак, благодарение на голот од пенал на Тадиќ дојде до триумфот од 0-1 на гостувањето против Литванија.

РЕЗУЛТАТИ – ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А

ИТАЛИЈА – ПОЛСКА 1-1

Жоржињо 78′(п) – Зјелински 40′

ЛИГА Б

ТУРЦИЈА – РУСИЈА 1-2

Азиз 41′ – Черишев 13′, Ѕјуба 49′

ЛИГА Ц

АЛБАНИЈА – ИЗРАЕЛ 1-0

Џака 55′

ЛИТВАНИЈА – СРБИЈА 0-1

Тадиќ 38′(п)

РОМАНИЈА – ЦРНА ГОРА 0-0

ЛИГА Д

АЗЕРБЕЈЏАН – КОСОВО 0-0

Ф. ОСТРОВИ – МАЛТА 3-1

Се вчитува...