Главно нерешено играа вечерва репрезентациите во Лигата на Нации. Победи забележаа само Турција и Романија, останатите играа без победник.
На дербито кое се одигра во Вулверхемптон, Англија и Италија во репризата на финалето на ЕП минатата година одиграа без голови. Во меч во кој имаше шанси, и двата тима неколку шутеви, но на крајот мрежите мируваа. Нешто подобра беше Англија која имаше нешто повеќе шанси, но не го најде патот до голот на Донарума, со што Англија и натаму ја чека првата победа во Лигата на Нации.
Германците, пак, на третиот меч во Лигата на Нации одиграа трето „реми“. После 1:1 против Италија и истиот резултат против Англија, со истиот резултат Германците одиграа и на гостувањето против Унгарија. Наѓ ја донесе Унгарија во водство во 6. минута, а во 9. минута Германците израмнија преку Хофман. До крајот на мечот и двете селекции со шанси, но немаше промена на резултатот.
Холандија и Полска одиграа 2-2, со тоа што вреди да се напомене дека „лалињата“ пропуштија голема шанса за победа во 90. минута откако Депај промаши пенал. Кеш и Зиелински донесоа 0-2 за Полска, а Холандија за три минути постигна два гола и се спаси од пораз. Класен во 51. минута намали, а Дамфрис во 54. успеа да донесе бод.
Велс се спаси во 87. минута од пораз од Белгија. Белгијците имаа водство преку Тилеманс, но Џонсон израмни и донесе бод за Велшаните.
Романија со голот на Банку и промашен пенал на Пушкаш, минимално со 1-0 ја совлада Финска. БИХ имаше водство во 62. минута против Црна Гора на гости, но црногорците преку Марушиќ успеаја да освојат бод. Турција со 0-2 ја совлада селекцијата на Луксембург со головите на Чалханоглу и Дурсун.
Претходно Фарски Острови ја совлада селекцијата на Литванија со 2-1, Ирска со 3-0 ја совлада Шкотска, додека Украина беше подобра од Ерменија со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА