Репрезентацијата на Шпанија во убедливо издание со 4-0 славеше против Украина во 2. коло од Групата 4 во А лигата од Лигата на нации.
„Црвената фурија“ победата ја осигура со три погодоци уште во првото полувреме. Серхио Рамос погоди во 3. и во 29. минута, а 17-годишниот Ансу Фати постигна прекрасен гол во 32. минута за водство од 3-0. Конечните 4-0 ги постави Торес во 84. минута од натпреварот.
Во вториот меч од оваа група, Швајцарија извлече реми со Германија на домашен терен. Германците поведоа со голот на Гундоган во 14. минута, а Видмер израмни во 58. минута.
На дуелот во Белграда од Б лигата, Србија ремизираше без голови со селекцијата на Турција. Во истата група 3 претходно Русија со 2-3 славеше на гостувањето против Унгарија.
ЛИГА НА НАЦИИ – А лига (Група 4)
Шпанија – Украина 4-0
Швајцарија – Германија 1-1
Лига Б (Група 3)
Србија – Турција 0-0
Унгарија – Русија 2-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА