Србија го доби балканското дерби против Црна Гора со 0-2 на гостувањето во Подгорица во рамките на Групата 4 од Лигата Ц во УЕФА Лигата на нации.
Во битката за првото место во групата Србите сосема заслужено стигнаа до триумфот кој го најавија уште во првото полувреме со голот од пенал на Митровиќ.
Во вториот дел Црна Гора имаше неколку обиди за израмнување, но откако не ги искористи на крајот следеше казната и со вториот гол на Митровиќ во 81. минута, Србија заокружи триумф од 0-2.
Во Лигата А, Португалија славеше на гостувањето против Полска со 2-3. Пјатек во 18. минута ги доведе Полјаците во водство, а потоа следеа три погодоци на гостите 1-3. Блашчиковски единствено во 77. минута успеа да ублажи за конечни 2-3.
ЛИГА НА НАЦИИ – 2. КОЛО
ЛИГА А – ГРУПА 3
Полска – Португалија 2-3
ТАБЕЛА: Португалија 6 бода, Италија 1, Полска 1
ЛИГА Б – ГРУПА 2
Русија – Шведска 0-0 (полувреме)
ЛИГА Ц – ГРУПА 4
Црна Гора – Србија 0-2
Литванија – Романија 1-2
ТАБЕЛА: Србија 6 бода, Романија 5, Ц. Гора 4, Литванија без бодови.
ГРУПА 1
Израел – Шкотска 2-1
ТАБЕЛА: Израел 3 бода, Шкотска 3, Албанија 3 бода.
ЛИГА Д – ГРУПА 3
Косово – Малта 3-1
Ф. Острови – Азербејџан 0-3
ТАБЕЛА: Косово 7 бода, Азербејџан 5, Ф. Острови 3, Малта 1 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА