Шпанија со 2-0 ја совлада Чешка, додека Швајцарија беше подобра од селекцијата на Португалија во вечерашните натпревари во Лигата на Нации.
Шпанците во групата А со головите на Солер во 24. минута и на Сарабија во 75. минута, ја совладаа Чешка и го зазедоа првото место на табелата пред Португалија. Португалците, пак, беа шокирани од Швајцарија, која пред овој дуел влезе со три порази. Триумфот на Швајцарија го донесе Сеферовиќ кој погоди уште во 1. минута.
Репрезентацијата на Србија може да жали што не успеа да триумфира во Љубљана. Србите по првиот дел имаа водство од 0:2 со головите на Живковиќ и Митровиќ. Сепак, Словенците се вратија за само пет минути со два гола на Черин и Шешко извадија бод.
Грција во Волос се намачи со Косово, и на крајот успеа да го совлада со 2-0 со два гола во последните 20 минути. Малта со 1-0 беше подобра од Сан Марино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА