ЛИГА НА НАЦИИ: Унгарија немаше сили за нова сензација, Италија е патник во Ф4 – Англија со реми против Германија

Фудбалската репрезентација на Италија се пласираше на Ф4 турнирот во најновото издание на Лигата на нации, откако во последното коло од групата А успеа да слави на гостувањето кај Унгарија со 0-2.

Џакомо Распадори во 27. минута го отвори натпреварот и донесе водство за гостите од 0-1, резултат кој гостите го сочуваа до крајот на првиот дел. Конечните 0-2 ги постави Федерико Димарко во 52. минута. „Аѕурите“ до крајот одиграа рутински за победа со која се чекираа во Ф4.

Во истата група Англија ги подели бодовите со Германија (3-3), натпревар по кој домаќините останаа на последното место и по кое ќе заминат во групата Б.

Стрелец на голот за Германците беше Илкај Гундоган во 52. минута. Гостите зголемија и на два разлика преу Каи Хаверц во 67. минута, а потоа на сцена настапија домаќините. Лук Шо намали во 72. минута, а во следните три минути ерупција на трибините предизвика Мејсон Маунт за 2-2. Гол за водство на Англија постигна Хри Кејн, 3-2, но од пораз Германците се спасија буквално во последните минути, Каи Хаверц по вторпат се запиша во листата на стрелци, овојпат за реми на неговата селекција.

Се вчитува...