Дербито на 12. коло во ракометната Лига на Шампиони и припадна на Барселона која славеше над Веспрем со 35-30. По изедначеното прво полувреме, каталонците ги земаа работите во свои раце, одиграа во високо темпо во нападот и сосема заслужено стигнаа до седмата победа во групната фаза.
Изедначниот ритам на двете страни од теренот го отслика првото полувреме во кое и покрај тоа што двата тима во еден момент имаа предност од два гола, не успеаја истата да ја задржат па по 30. минути игра на семафорот стоеше резултат 13-13. Сепак работите се променија на средината на второто полувреме во кое со серија од 4-0 каталонците стигнаа до предност од 26-21, а комотната позитива беше задржана до самиот крај.
Со овој триумф Барселона го престигна унгарскиот тим на табелата со скор од седум победи, две нерешени и три изгубени средби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА