Ракометарите на Фленсбург стигнаа до петтата победа во Лигата на Шампионите откако на домашен терен славеа над Веспрем со 30-27. Добрата игра во првото полувреме во кое домаќините стигнаа до предност од 16-12 беше доволно за стабилна игра во вторите 30. минути во кои германскиот состав не дозволи враќање на Унгарците.
До победа стигна и Динамо Букурешт кој славеше над Мотор со 33-29. По изедначената игра во поголемиот дел од првото полувреме на домаќинтие им припадна завршницата во која стигнаа до предност од два гола (16-14).
Гостите успеаја да се вратат во мечот во продолжението, и да стигнат до изедначување од 23-23, но не и да го превземат водството. Романците во вистински момент ги консолидираа своите редови па ја вратија предноста и сосема заслужено стигнаа до третата победа во првенствтото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА