Лига на шампиони или Лига Европа? Домаќините во Шпанија ги помешаа лончињата (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Виљареал и Копенхаген се случи комична ситуација, кога наместо химната на Лигата на шампионите, се свиреше химната на Лигата на Европа.

Ништо не им појде од рака на домаќините кои загубија со 2-3, но тоа не беше единствениот проблем. Па пред почетокот на натпреварот се случи комична ситуација, бидејќи наместо химната на Лигата на шампионите, се свиреше химната на Лигата на Европа.

Никој не разбра што се случува, навивачите реагираа со свирежи, а играчите на теренот беа збунети. Ова недоразбирање брзо беше исправено, но видеото од настанот набрзо стана вирално на социјалните мрежи.

Се вчитува...