Лига на Шампиони во Скопје – атракции и забивања на теренот, но недостасуваше публика (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ТФТ ги донесе квалификациите за Лигата на Шампиони на ФИБА во Скопје, но настапот во нив го заврши во четвртфиналето откако не успеа да ја помине првата пречка наречена Кемниц Најнерс. Бундеслигашот кој важеше за апсолутен фаворит ја потврди својата улога на паркетот, одигрувајќи одлично прво полувреме пред се во одбраната.

Натпреварот го отсликаа атрактивни потези на момците во црно и бело, но недостасуваше тоа најбитното – публиката. Очекувањата беа дека атрактивното натпреварување ќе ги врати љубителите на кошарката во скопската сала, но наместо тоа уште еднаш беше потврдено дека во Македонија малкумина се заинтересирани за овој спорт.

„Образот го обелеа“ стотина навивачи на ТФТ и десетина навивачи на Кемниц кои со портокалови шапки беа атракција во (пре)празната салата.

 

Се вчитува...