Фудбалските селекции на Англија и на Холандија ќе вкрстат меѓусебе во полуфиналето на завршниот турнир од Лигата на нации кој ќе се одржи во јуни, во Португалија. Во второто полуфинале, актуелниот европски првак, кој е и домаќин на турнирот, ќе игра против Швајцарија. Ова е епилогот на денешниот ждреб за завршницата на новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.
Победниците од двата полуфинални дуели ќе играат во финалето, кое е закажано за 9 јуни во Порто. Шампионот на премиерното издание на Лигата на нации ќе заработи вкупно 10,5 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА