ЛИГА НАЦИИ – четвртфинале: Хрватска со лекција за Франција, Германија славеше во Италија, Шпанија се спаси од пораз во Холандија (ВИДЕО)

Хрватската репрезентација игра феноменално прво полувреме во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нациите на УЕФА.

Хрватите по првите 45 минути водат со 2-0 против Франција, во дуел во кој промашија и пенал преку Крамариќ уште во 8. минута.

Но, во 26. минута Будимир погоди за 1-0, на асистенција на Перишиќ, а потоа во 45. минута Перишиќ и самиот стрелаше за 2-0.

Германија триумфираше со 1-2 на гостувањето против Италија, и си го олесна патот до полуфиналето пред реваншот.

Иако Тонали уште во 9. минута ги доведе до водство Италијанците, сепак целосен пресврт во вториот дел а Горецка во 76. минута донесе победа од 1-2.

Холандија испушти победа против Шпанија дозволувајќи гостите со погодокот на Мерино во 93. минута да дојдат до 2-2. Претходно, „црвената фурија“ прва поведе со голот на Нико Вилијамс во раната фаза од средбата.

Сепак, Гакпо и Рајндерс потоа погодија за пресврт од 2-1, пред Мерино на крајот да донесе 2-2.

Данска триумфираше против Португалија со 1-0 со голот на Хојлунд во 78. минута.

Се вчитува...