Лига Нации: Мбапе и Роналдо тивки во Париз, Словенија го доби Косово

Франција и Португалија имаат мегаѕвезди во навалниот ред, Килијан Мбапе и Антоан Гризман од едната страна, и Кристијано Роналдо и Бернардо Силва од другата, но мрежите мируваа, а одбраните царуваа на „Сент Дени“ во Париз. Дуелот заврши без голови, а најизгледната шанса ја имаше Роналдо на самиот истек од натпреварот, Лорис успеа да одбрани. И двете селекции по седум бода во групата.

Данска славеше убедливо на гости на Исланд со 0-3, а Полска и Италија поделија по бод без постигнат гол.

Во лигата Ц, нашиот претходен ривал, селекцијата на Косово загуби во Приштина од Словенија со 0-1. Харис Вучкиќ во 22.минута беше стрелец на победничкиот погодок, а Јан Облак не дозволи да се тресе неговата мрежа. Грција ја совлада Молдавија со 2-0. Анастасиос Бакасетас од пенал донесе предност на самиот истек од првото полувреме, на стартот на второто Петрос Манталос зголеми на 2-0.

Србија во Белград загуби од Унгарија со 0-1. Норберт Конивес беше херојот на Унгарците на овој меч, постигнувајќи погодок во 20.минута од средбата.

 

Се вчитува...