Завршниот турнир од Лигата на Европа ќе се доигра во Германија, и тоа во четири различни градови во периодот од 10 до 21 август, одлучи УЕФА на денешниот состанок на Извршниот Комитет на европската куќа на фудбалот.
Финалето во второто по квалитет европско натпреварување требаше да се игра во Гдањск, но идентично како и во ЛШ, раководството на УЕФА реши последните фази од натпреварувањето да ги пресели во една држава. И додека во ЛШ сите средби ќе се играат во Лисабон, за Лигата на Европа беа избрани четири градови ширум Германија, и тоа Келн, Дуизбург, Дизелдорф и Гелзенкирхен.
Големото финале ќе се игра во Келн на 21 август, а дополнително ќе бидат објавени точните термини за четвртфиналните и полуфиналните пресметки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА