Лихтенштајн без стрелецот од Скопје на дуелот против Македонија

На петтиот натпревар од Лигата на нациите против Македонија во Вадуц, селекцијата на Лихтенштајн ќе биде без стрелец на погодокот од првата меѓусебна средба во Скопје, Сејхан Јилдиз.

Македонија на дуелот на „Филип Втори“ пред точно еден месец славеше со убедливи 4-1, а стрелец на единствениот гол за Лихтенштајн беше Јилдиз во 37. минута од средбата.

Јилдиз на вчерашниот прв собир од подготовките на националниот тим поради повреда мораше да му откаже на селекторот Рене Паурич.

„Знаеме дека не чекаат два тешки последни натпревари во Лигата на нациите. Дополнителни потешкотии ни создаваат и овие откажувања поради повреди.Но, исто така знаеме дека имаме шанси за успех и на двата натпревари. Посакуваме да изненадиме против Македонија иако свесни сме дека противникот е голем фаворит“ – истакна Паурич на првиот собир од подготовките.

Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра во петок (16. ноември) во Вадуц со почеток од 20:45 часот. Македонската репрезентација од вчера исто така ги стартуваше подготовките за овој натпревар, со директен собир во Швајцарија.

Се вчитува...