Лихтенштајн го објави списокот кој ќе брка сензација против Македонија

Селекторот на Лихтенштајн, Конрад Финфстик го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварот против Македонија. Во составот селекторот објави и имиња на четворица играчи кои би добиле дополнителен повик, ако некој во меѓувреме откаже.

Најзвучно име од селекцијата е Николас Хаслер, кој го очекува својот 100-ти настап во селекцијата на Лихтешнтајн. Тој во моментов нстапува во Вадуц, од каде се и најголемиот дел на  фудбалери на списокот.

Има седум интернационалци, но од пониските лиги на Швајцарија и на Австрија.

Се вчитува...