Лихтенштајн потпиша нов договор со селекторот пред мечот со Македонија

Фудбалската Федерација на Лихтенштајн објави дека ја продолжува соработката со селекторот Конрад Фунштук, неколку дена пред почетокот на новиот квалификациски циклус што оваа репрезентација ќе го почне токму со домашен дуел против Македонија, натпревар закажан за сабота со почеток во 15 часот.

Фунштук се наоѓа на кормилото на оваа репрезентација од 2023 година, актуелниот договор му истекуваше следната година, но челниците на федерацијата беа задоволни од неговата работа, па денеска беше потпишан договор со важност до 2028.

„Имаме апсолутна доверба во Конрад Фунштук, ја цениме неговата работа во изминатите две години и затоа сме презадоволни што ја продолжуваме соработката. Ќе продолжиме по патот што го избравме со овој селектор“, изјави претседателот на фудбалската федерација, Хуго Квадерер.

Се вчитува...