Сосема очекувано, согласно најавите од претходно селекторот Игор Ангеловски на првата победа во квалификациите за СП 2018 во Русија ќе атакува со четворката во нападот, Горан Пандев, Илија Несторовски, Иван Тричковски и Бесарт Ибраими.
Согласно официјално објавениот состав за дуелот од 20:45 часот на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуз против Лихтенштајн, на голот ќе биде Димитриевски, во одбраната Кире Ристевски, Ванче Шиков, Дарко Велковски и Стефан Ристовски, и во средниот ред вардаровиот двоец Стефан Спировски и Бобан Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА