Лил ќе биде сериозно ослабен за утрешниот дуел со Црвена Звезда во Лигата на Европа, откако францускиот клуб остана без дури осум првотимци за пресметката со српскиот првак.
Лил се наоѓа во криза, овој тим нема победа во француското првенство во 2026 година, притисокот врз тренерот Бруно Женесио е се поголем, а неуспех против „црвено-белите“ од Белград би можел да му пресуди на овој стратег.
Предизвикот е уште поголем откако на листата на отсутни фудбалери се најдоа осум првотимци. Мбапе, Игаман, Муние и Сахрауи се повредени веќе извесно време, а Женесио за утрешниот меч не може да смета ниту на Усман Туре, Марк Кајар… се повреди и најдобриот дефанзивец Александро, додека бекот Буади нема да биде во комбинација поради суспензија.
На спротивната страна, Црвена Звезда отпатува за Франција без двајца првотимци, капитенот Иваниќ и словенечкиот интернационалец Елшник останаа во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

