Екипата на Лил која настапува во Лигата на шампионите, доживеа шок вечерва на домашен терен откако беше елиминирана од францускиот Куп од второлигашот Данкерк.
И покрај тоа што беше блиску пред пласман во 1/4 финалето, откако имаше водство до пред крајот на мечот со голот на Гомеш, сепак, Техан во 96. минута успеа да израмни.
Одлично тргна Лил и во пенал серијата, откако ги реализираше првите два пенали, а второлигашот ги промаши. И кога се чинеше дека прволигашот ќе нема потешка задача, следуваа два промашени пенали во четвртата и во петтата серија, па се продолжи понатаму.
Во седмата серија Андре не реализираше за Лил, а Хауен погоди, со што почна големата радост.
Во вториот меч одигран во исто време, Брест ја совлада екипата на Троја со 1-2 и се пласираше во 1/4 финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА