Интересни мечеви донесе денешната програма во Лигата на шампионите во која на сцена беа и многу изненадувања. Актуелниот шампион Реал Мадрид доживеа изненадувачки пораз на гостувањето кај Лил со минимални 1-0.
Клучниот момент во мечот се случи во судиското надополнување во првото полувреме кога Џонатан Дејвид од пенал го постигна погодокот вреден три бода за домашниот тим.
Lille [1] – 0 Real Madrid – Jonathan David penalty 45+3'
byu/etclassico insoccer
До изненадувачка победа од 1-0 стигна и Астон Вила против Баерн Минхен. Клучниот момент на овој натпревар се случи во 79. минута кога големи три бода за тимот од Бирмингем донесе Дуран.
Aston Villa [1] – 0 Bayern Munich – Jhon Durán 79'
byu/CivillyWalk757 insoccer
Атлетико Мадрид доживеа вистинска катастрофа на гостувањето кај Бенфика каде загуби со 4-0. Стрелци на головите за домаќините беа: Актуркоглу, Димарија, Бах и Кокчу. До лесен триумф стигна Ливерпул кој ја оправда фаворитската улога против Болоња (2-0).
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО ЛШ:
ЖИРОНА – ФЕЕНОРД 2-3
ШАХТЈОР – АТАЛАНТА 0-3
АСТОН ВИЛА – БАЕРН М. 1-0
БЕНФИКА – АТЛЕТИКО М. 4-0
ДИНАМО З. – МОНАКО 2-2
ЛИЛ – РЕАЛ МАДРИД 1-0
ЛИВЕРПУЛ – БОЛОЊА 2-0
ЛАЈПЦИГ – ЈУВЕНТУС 2-3
ШТУРМ – КЛУБ БРИЖ 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА